Утрински Весник
Балкан

Убиен градежен работник од Украина во Славонски Брод

20240423201518.jpg

Во центарот на Славонски Брод попладнево пронајдено e машко тело. Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот. Danas.hr дознава дека се работи за млад градежен работник од Украина. Тие наведуваат и дека конфликтот се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите). За потсетување, полицијата соопшти дека околу 15.17 часот во куќата било пронајдено тело на маж и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.

Можете да прочитате

Вкупно 352 Бугари во Македонија гласале на изборите за претседател на Бугарија – најмногу за двојката Јотова и Влчев

Уапсени над 50 лица во Грција за даночни измами преку познат синџир пекарници

Реакции по победата на Студентска листа на парламентарните избори во Србија