Утрински Весник
Спорт

ПСЖ: На Нејмар снимањето реклами му е поважно од рехабилитацијата

ПСЖ: На Нејмар снимањето реклами му е поважно од рехабилитацијата
Ss2

 

Париз, 15 февруари 2020 (МИА) – Раководството на ПСЖ изрази ново незадоволство од однесување на Бразилецот Нејмар (28). Напаѓачот на „светците“ овојпат отпатува во Дизелдорф да учествува во снимање на рекламен спот за еден бренд на гардероба.

Нејмар извесен период е повреден, а челниците на ПСЖ се надеваа дека ќе се потруди да се рехабилитира до првиот меч со Борусија Дортмунд во осминафиналето во Лигата на шампиони што ќе се одигра во вторник (18 февруари). Но, наместо тоа, забелешките се дека троши енергија на работи што не се поврзани со фудбалот.

Ss1

Од клубот, сепак, нагласија дека нема да применат санкции кон бразилската ѕвезда кој оваа сезона одигра 14 меча во француската Лига 1, при што постигна 13 гола. сѓд/ми/

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер