Утрински Весник
Македонија

Продолжува реконструкцијата на ул. „Александар Урдаревски“ и за време на полицискиот час

Продолжува реконструкцијата на ул. „Александар Урдаревски“ и за време на полицискиот час
300x250 (7)

Скопје, 7 јуни 2020 (МИА) – Екипите на Град Скопје викендов интензивно работат на реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел. Неодамна започна асфалтирањето на една лента од улицата, а во текот на полицискиот час се работи и на втората лента од кружниот тек на улицата „Боца Иванова“ до крстосницата со улица „Бутелска“ во должина од 850 метри, соопшти Град Скопје.

Ss1

На улицата досега беше изведена комплетно нова атмосферска канализација и другите подземни инсталации.

Оваа улица во Бутел е една од најважните сообрајници за граѓаните од таа општина, кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат по овој дел од улицата „Александар Урдаревски“, се додава во соопштението. ац/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани