Утрински Весник
Македонија

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Nema Otkazhuva E Od Idninata 3.jpeg

“На 8 мај само вие, со моќта на вашиот глас одлучувате во каква држава ќе живееме сите, ве повикувам на масовен одзив на двојните избори, на активно учество во креирањето на сопствената иднина бидејќи во демократијата најчесто гласовите на оние кои не излегуваат на гласање го одредуваат победникот. На дофат ни е членството во Европската унија, не дозволувајте да не тргнат од тој пат, алтернативата на тој пат е погубна за Македонија. И сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат и да не забораваме дека секогаш најтешките битки ги водел СДСМ, од осамостојувањето до денес, рече вечерва во Кочани  Сања Лукаревска, носителка на листа на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во третата изборна единица. 

СДСМ е одговорна, граѓанска, државотворна партија. Секогаш сме тука и за државата и за граѓаните и во добро и во лошо, тоа е патриотизам, како што е патриотизам  да  ја преземете одговорноста за тешките одлуки во тешки времиња, рече Лукаревска. 

” Немам намера да ги покривам или минимизирам нашите пропусти, не ги сокриваме под тепих и не ги подметнуваме на друг и никогаш  не сме дозволиле државата да биде на коленици, никогаш. И во оваа изборна програма наш приоритет над приоритетите е стабилна, безбедна, сигурна и просперитетна Македонија чии граѓани ќе имаат предвидлива, спокојна иднина. Следете нè, не се откажуваме, тргнавме по патот на трпението, пат без насилство, со разум, со работа и дијалог до богата држава со задоволни граѓани и затоа на 8 мај, заедно, за број 1 и во Кочани и во третата изборна единица и во целата држава”.

Можете да прочитате

Пустинска прашина од Сахара денеска и утре ќе ја зафати Македонија

Изработен нов електронски дневник, ќе се применува во новатa учебна година по тест периодот, соопшти МОН

Карамбол во Тетово – удрил во паркирани автомобили, повредени возачот и 19 годишен сопатник