Утрински Весник
Македонија

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Screenshot 2024 05 03 204109.png

Две лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајка која попладнево се случила на магистралниот пат Радовиш-Штип, поради што дојде и до прекин на сообраќајот, информира Македонската информативна агенција (МИА). Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, во сообраќајната несреќа се судриле два автомобили марка „опел“ и пасат“. -Во сообраќајната несреќа загинаа двајца возачи, а сопатничката на едното возило е пренесена во штипската болница,информираше портпаролката. Според нејзините информации, полицијата повеќе детали за несреќата најавува дека ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден. Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител. Сообраќајот во овој дел се пренасочува по стариот пат.

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија