Утрински Весник
Спорт

За малолетниците забранет влез на финалните натпревари од хокеарскиот шампионат на Белорусија

За малолетниците забранет влез на финалните натпревари од хокеарскиот шампионат на Белорусија
Ss2

Минск, 31 март 2020 (МИА) – Спортско-забавниот комплекс „Солигорск“, каде ќе се одржат следните натпревари од финалето на првенствотово хокеј на Белорусија помеѓу Шахтјор и Јуност, го ограничи пристапот за лица помлади од 18 години.

Ова одлука е во согласност со препораките на Министерството за здравство за борба против ширењето на коронавирусот.

300x250 (7)

– Да, веќе добивме многу прашања во врска со ова, но таква одлука не донесе клубот, туку администрацијата на спортско-забавниот комплекс. Како ќе помине натпреварувањето? Во нормален режим, но на влезот ќе има и доктори кои ќе ја мерат температурата и ќе ги дезинфицираат рацете – вакви мерки сега се преземаат на сите хокеј натпревари, рече директорот на Шахтјор, Јури Будко.

Билетите за натпревари се продаваат само на касата на палатата и на лица над 18 години. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер