Утрински Весник
Македонија

Приватните специјализанти учат германски, а на протестот со „билети во еден правец“ и куфери најавуваат заминување од државата

Screenshot 2024 04 22 185529.png
300x250 (7)

Околу 400 приватни специјализанти денеска штрајкуваа со импровизирани билети испишани на лист хартија во еден правец за Германија во нивните раце и куфери пред Министерството за здравство. Со овој чин младите доктори ја предупредија власта дека доколку не им бидат прифатени барањата ќе заминат од државата. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева, на протестот рече дека над 70 проценти од студентите на Медицинскиот факултет активно учат германски јазик, што според неа не е случајно. „Сигурно станува збор за еден план на емиграција бидејќи гледаат една сива и безнадежна иднина во својата држава“, изјави Георгиева. После една недела штрајк, поради отежнатата работа на клиниките во комлексот „Мајка Тереза“ во Скопје, тие одлучија генералниот штрајк времено да го стават во мирување. Во меѓувреме, секој вторник во 11 часот, за време на паузите, ќе продолжат се собираат во паркот на Клиничкиот центар во знак на протест. Уште еднаш се оградија од било каква поврзааност на штрајкот со политички делувања. Специјализантите се залаат за покачување на платите од 26.000 на 44.000 денари и решавање на нивниот статус, со оглед на тоа што работат без здравствено и пензиско осигурување.

Ss1

Можете да прочитате

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1