Утрински Весник
Политички Партии

ДПА предлага на сите матуранти да им се даде оценка за државна матура без испит

ДПА предлага на сите матуранти да им се даде оценка за државна матура без испит
Ss2

 

Тетово, 9 април 2020 (МИА) – Комисијата за образование, култура, млади и спорт на Демократската партија на Албанците (ДПА), предлага целосно откажување на државната матура за учебната 2019/2020 година.

Дури и ако ситуацијата со вирусот Ковид-19 се надмине во најкус можен рок, сите околности што влијаат на процесот на спроведување на испити за државна матура се уште се на штета на годинашните матуранти, образложуваат од ДПА.

Ss1

– Учениците не посетуваат редовни часови и начинот на водење на процесот на учење не спаѓа во стандардната форма и квалитет, го напуштиле училиштето во време кога обично се интензивираат активности и вежби околу државната матура, тие се загрижени за епилогот на матура.Предлагаме Диплома за матура за учебната 2019/2020 година да им биде дадена на сите матуранти, без исклучок, истакна Валбона Тоска, претседателка на Комисијата  за образование, култура, млади и спорт на ДПА.

Според нивниот предлог, Министерството за образование треба да формира тим/експерт, кој во консултација со претставници на организации средношколци, ќе донесе одлука за критериумите за доделување на матурата и оценки.

– Дипломата за матура е многу важен документ што официјално го потврдува завршувањето на едукативниот циклус и во исто време е неопходен документ за запишување на следното ниво. Околностите ќе се променат, а евентуалното отсуство на матурата ќе ги следи засекогаш матурантите од оваа генерација, потенцираше Тоска. ас/оџ/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт