Утрински Весник
Свет

Америка ќе плати 138 милиони долари на гимнастичарките жртви на сексуално насилство

677z381 Gimnasticarke.jpg
Ss2

 Поради неуспехот на Федералното истражно биро (ФБИ) во текот на истрагата, американското Министерство за правда ќе плати 138,7 милиони долари отштета на жртвите на сексуално насилство во националниот тим за гимнастика на САД кои биле злоставувани од репрезентативниот лекар Лоренс Насар.

Докторот на гимнастичкиот тим Насар беше осуден на 175 години затвор од страна на судот во Мичиген за сексуално злоставување млади спортистки, а тие подоцна го тужеа Министерството за правда затоа што не спроведе истрага, пренесува ЦНН. Лоренс Насар со децении ја злоупотребуваше својата позиција“. Овие наводи требаше да се сфатат сериозно од самиот почеток.

300x250 (7)

„Овие средства нема да ја отстранат штетата што ја направи Насар, но се надеваме дека ќе им ја дадат потребната поддршка на жртвите на криминалот за да продолжат со нивното закрепнување“, рече помошникот јавен обвинител Бенџамин Мизер.

Министерството за правда ја призна својата одговорност за неуспехот на ФБИ да дејствува и правилно да ги истражи наводите против Насар. Во 2021 година, жртвите на Насар постигнаа спогодба од 380 милиони долари со федерацијата за гимнастика на САД и Националниот олимписки комитет.

Поранешниот доктор на американскиот тим за гимнастика, Лоренс Лари Насар е обвинет за сексуална злоупотреба на над сто натпреварувачки. Насар со години ги злоупотребуваше натпреварувачките во американската репрезентација, вклучително и бројни шампионки.

Тој е осуден на 60 години за поседување детска порнографија, а потоа и на дополнителни 175 години за сексуално злоставување на голем број гимнастичарики.

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема