Утрински Весник
Македонија

Ученик претепал наставничка во основно училиште

Dimo Ha I Dimov.jpg

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца во училиштето на голем одмор. Кога дежурната наставничка по географија сакала да ги раздели, тој ја турнал на земја, ја удирал по глава, го фрлил нејзиниот мобилен телефон и се заканувал. Наставничката добила лекарска помош. Детето и претходно правело проблеми. Случајот е пријавен во МВР.

Можете да прочитате

За три дена евидентирани 2720 сообраќајни прекршоци

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора во Општина Василево

Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години постоење со свечена академија во МНТ