Утрински Весник
Македонија

Втора акција за дезинфекција и миење на јавните простори во Скопје

Втора акција за дезинфекција и миење на јавните простори во Скопје
Ss2

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Екипите на Град Скопје вторпат спроведуваат голема акција за миење и дезинфекција на јавните површини во главниот град за да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот и да се подигне нивото на јавната хигиена.

Град Скопје информира дека екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска ги мијат и дезинфицираат јавните површини во паркот „Ибни Пајко“. Во текот на вчерашниот ден рачно и со посебна опрема се исчистени и дезинфицирани патеките, клупите, павилјоните, дрвените мостови, детските реквизити и справите за вежбање во трите дела на Градскиот парк, во парковите во Чаир и Ѓорче Петров, во парковите „Македонија“ и „Жена Борец“ и во Рајскиот парк во Аеродром. Повторно е извршена дезинфекција на јавните површини и во СРЦ „Сарај“, во паркот на природата „Гази Баба“ и во парк-шумата „Водно“.

Ss1

Скопските пожарникари вчера извршиле целосна дезинфекција на јавните површини на кејот на Вардар. Се чистеле и патеките и урбаната опрема.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ извршиле рачно миење и дезинфекција на плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“. На градските улици и булевари извршено е машинско миење и дезинфекција на коловозите.

Градските власти нагласуваат дека во текот на изминатиов период ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно спроведува машинско миење со автоцистерни и дезинфекција на поголемите улици и булевари во сите скопски општини, како и рачно миење и дезинфекција на најфреквентните јавни површини во централното градско подрачје – плоштадот „Македонија“, Камениот мост, мостот „Гоце Делчев“, улицата „Македонија“, плоштадот „Филип Втори“ и Старата скопска чаршија. Постојано се дезинфицираат и садовите за собирање отпад поставени на територијата на Град Скопје – подземните и надземните контејнери и нивната микролокација. мд/сп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Дигитализацијата останува еден од врвните приоритети СДСМ, ги исполнуваме очекувањата на ИКТ индустријата

По изборите, ќе има внатрепартиски избори, најави Ковачевски

Петровска: Делата зборуваат погласно од зборовите, го зголемуваме бројот на транспортните возила на Армијата