Утрински Весник
Македонија

По изборите, ќе има внатрепартиски избори, најави Ковачевски

Zaednichka Pres Konferenci A Kovachevski Shider 2.jpeg

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање порача дека по осми мај, во партијата ќе следуваат внатрепартиски избори.

“Кај нас статутот бара одржување на отчетен конгрес со анализа на резултатите и после да има избори во кој се бара изјаснување за избор на претседател на партијата како и други партиски органи како централен одбор, извршен одбор,потпретседатели и така натака. Тоа е стандардна процедура“ рече Ковачевски.

Тој ги повика граѓаните да излезат на изборите на осми мај и да гласаат за бројот еден, додавајќи дека разбира зошто граѓаните се револтирани.

Можете да прочитате

Илиевски: Ова не е нормално, луѓе што лежеле затвор Мицкоски ги става за директори на затвори!

Селото Луковица бара Владата да провери како Општина Желино ги потрошила државните пари за асфалтирање на патот до нивното место

Од 16 пожари на отворено во последното деноноќие изгаснати се 13, два се активни и еден е под контрола