Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Дигитализацијата останува еден од врвните приоритети СДСМ, ги исполнуваме очекувањата на ИКТ индустријата

Psdsm Kovachevski Na Sostanok So Pretsedatelkata Na Sobranieto Na Masit Aneta Antova Pesheva 4.jpeg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска одржа состанок со претседателката на Собранието на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Анета Антова Пешева и со членовите на комората. На средбата се разговараше за економската состојба, за идните мерки за развој на економијата од програмата на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, со пособен фокус на мерките за дигитализација и поддршка на ИКТ компаниите и индустријата. 

Ковачевски во изјавата за медиуми рече дека ИКТ индустријата е важна за економскиот развој на државата и и затоа поддршката за оваа индустрија и за дигитализацијата останува еден од приоритетите и во четиригодишната програма на СДСМ. При тоа Ковачевски, посочи дека мерките од програмата на СДСМ и Коалицијата за европска иднина се поколопуваат со очекувањата на МАСИТ како  комора која ги обединува компаниите од телекомуникациските и технолошките компании. 

Ковачевски рече дека во програмата е планирано формирање на Агенција за дигитализација, која ќе биде отворена и за сите предлози, искуства и знаење на ИКТ индустријата, а планирано е и дигитализирање на процесите во државата во кои што треба да бидат достапни на најбрз начин за граѓаните.

На средбата како кажа Ковачевски, се разговарало и за измени на Законот за работни односи, за да може да се воведат новини кои ќе бидат согласно тековните случувања во областа на дигитализацијата, особено во делот на работењето од дома и достапноста на технологиите за работниците на различните места освен на работното место.

Во следните четири години како што посочи Ковачевски ќе се стави силен фокус на дигитализацијата и на информатичко – комуникациските услуги преку  формирање на е-бизниси и форамирање на посебна комисија во Собранието на Република Северна Македонија, која ќе биде исклучиво за дигитализација и  на која што ќе се разговара за теми за вештачка интелегенција, дигитализација, а во која освен политичките партии ќе учествуваат и претставници на МАСИТ и други стопански комори, како и  компаниите кои се водечки во развојот на ИКТ индустријата.

„Ние како Влада во измиантиот мандат имавме одлична соработка со МАСИТ во делот на поддршката на компаниите ги изедначивме македонските и странските компании, бидејќи во минатото само странските компании беа тие кои што беа во можност да добијат државна помош. Сега сите компании се изедначени. Македонските компании ја искористија таа можност во делот на развојот на нови услуги и работни процеси и технолиогиии, преку користење на таква помош. Веќе има неколку од нив кои го зголемија своето работење и производите кои ги произведуваат, како и бројот на вработените и својот обрт.Сите политики во иднина ќе бидат токму во оваа насока”, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Можете да прочитате

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево, експресниот пат Градско-Прилеп и браната Отиња се трите проекти со кои ќе се занимавам oд следната недела

ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите од денес па се до недела ќе надминуваат 40 степени, меѓутоа во недела ни се заканува Суперќелијско невреме

Продолжен е рокот за регистрација за изборите за претседател на СДСМ