Утрински Весник
Свет

Лавров: Западот се приближува до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Screenshot 2024 04 23 211320.png
Img 5587

Русија го предупреди Западот дека ризикува да започне „директен воен конфликт“ со Русија и другите нуклеарни сили, пишува „Експрес“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака преку видео врска на конференцијата во Москва, каде предупреди дека рамнотежата на односите може опасно да биде загрозена. „Западот опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили, што би имало катастрофални последици“, рече тој. Реакцијата доаѓа откако американскиот Претставнички дом конечно го усвои долгоочекуваниот пакет помош од 61 милијарда долари за Украина, што предизвика лут одговор од Русија. Во саботата, американските пратеници го одобрија пакетот, кој сега ќе оди во Сенатот во кој доминираат демократите, откако се соочија со жестоко противење од тврдокорните републиканци во Претставничкиот дом.

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина