Утрински Весник
Магазин

(Видео) Среде ноќ затекнала слон во кујната кој си барал храна

(Видео) Среде ноќ затекнала слон во кујната кој си барал храна
300x250 (7)

Рејчадаун Пуенграпс од Тајланд се разбудила во раните утрински часови во саботата, бидејќи слушнала врева. Кога излегла од собата, здогледала непоканет гостин во нејзината кујна.

Слон кој живее во националниот парк, а е познат како Банчуџи, го пробил ѕидот во потрага по храна.

Ss1

Сопственичката ја пронашла просторијата во целосен хаос – слонот ги растурил фиоките, џвакал пластична кеса и ги фрлил садовите на подот.

„Пуенграпсон не знаела што да прави од неверување, но ја снимила оваа необична сцена на телефон“, пишува Гардијан.

Ова не е прв пат Банчуџи, кој живее во националниот парк Тајланд, да го посети блиското село, бидејќи, како што велат вработените, таму има локална продавница која ги привлекува слоновите поради миризбата на храна.

Според тајландските медиуми, Банчуџи предизвикал штета со упадот во кујната од околу 140 фунти.

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август