Утрински Весник
Македонија

Вевчани доби нов Туристички центар

Вевчани доби нов Туристички центар
300x250 (7)

Премиерот, Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и сградоначалникот на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски, денеска извршија увид во комплетно опремениот Туристички центар во реновираното поранешно училиште „Страшо Пинџур“ во Вевчани.

„Навистина е чест и задоволство, надополнети и со чувство на гордост, кога сте дел од проекти и иницијативи кои се реализираат со силна определба за одговорност кон граѓаните, со почит кон традицијата и минатото и со потенцијали за идни придобивки од суштинска важност за граѓаните и за заедницата. Таков проект, кој ги обединува сите овие фактори, е Туристичкиот центар „Вевчани“. Центар каков што би посакале и најмодерните европски општински средини“, рече Заев.

Ss1

Пред да се реконструира овој објект, беше зграда на старото основно училиште „Страшо Пинџур” – Вевчани. Самиот објект преставуваше импозантна градба изградена од 1948 до 1951 година од страна на вевчанските неимари и токму наследниците на тие градители учествуваа во неговата ревитализација и нова функционалност.

Туристичкиот центар „Вевчани“ е модерен мултифункционален објект чија корисна површина е 1.400 м2, опремени се голема конгресна сала, неколку сали за семинари, музејска просторија за презентирање на флората и фауната од заштитеното подрачје Споменик на природа „Вевчански извори“ и планината Јабланица, со инфо центар, продавница за сувенири, отворена галерија за промоција на богатото културно наследство на Вевчани, со опрема за функционално уредување на мултимедијален туристички центар и за дизајнирање и печатење на промотивни материјали, како и простории со други придружни содржини како што се фитнес и бодибилдинг сала.

„Наместо да биде оставена на забот на времето, со тотално руиниран и оштетен кров, денеска во центарот на Вевчани имаме модерен објект кој ги задржа архитектонските обележја за да биде споменик на неговите градители, но доби нова функција соодветно на новите потреби на заедницата и на регионот. Со овој објект се овозможува промоција и развој на туризмот не само на Вевчани, туку и на целиот овој регион кој пошироко со Дебар и Дебарца, со Струга, Охрид, регионот Преспа, па дури и Пелистер и Битола, претставува еден од нашите најсилни и најатрактивни туристички потенцијали“, рече Заев.

Ss1

Можете да прочитате

Млад скопјанец пронајден починат во својот дом

Ковачевски: Не е точно дека подготвуваме бојкот, повикуваме на масовно гласање за претседател и нов парламент

Малолетник силувал малолетничка од Струмичко