Утрински Весник
Свет

Застрелан популарен француски пејач, се бори за живот

O 1920215 1024.jpg
Img 5587

Францускиот пејач Кенџи Жирак (27) утрово бил застрелан во градите, по што бил сместен на одделението за интензивна нега.

Престрелката се случила во Бордо. Пејачот моментално се бори за живот во Универзитетската болница во Бордо, јавуваат странските медиуми.

Img 5587

Нападот се случи рано утринава за време на неговата посета на туристички камп во блискиот Бискарош.

-Беше во кампот за патници каде беше ранет од огнено оружје – рекол изворот.

Полицијата го примила повикот околу пет часа и 30 минути, а кога пристигнала на терен се соочиле со 20-ина лица кои одбиле да дадат каква било информација.

-Во меѓувреме, итните служби згрижија тешко ранет маж кој беше застрелан во градниот кош и итно беше пренесен во болница – додава упатениот. Откако беше потврдено дека жртвата е победник на музичкиот натпревар „Глас во 2014 година, беше објавено дека животот на пејачот е во опасност.

Жирак е татко на едно дете. Објави пет албуми и сними дуети со познати колеги од Франција.

Тој често зборувал за тоа како растел во карван и како работел физички работи откако го напуштил училиштето на 16 години, пишува Дејли Мејл.

Ss1

Можете да прочитате

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

(ВИДЕО) Голем пожар во Берлин, зафатени хемикалии, опасност од отровни гасови и експлозии

ЕУ: Грците најмногу работат прекувремено, најмалку Бугарите