Утрински Весник
Спорт

Ајакс го продаде Зијех за 40 милиони

Ајакс го продаде Зијех за 40 милиони
Ss2

Амстердам, 15 февруари 2020 (МИА) – Фудбалскиот клуб Ајакс одлично работи на финансиски план. Три дена по продажбата на Хаким Зијех за 40 милиони евра, холандскиот гигант ја пополни дупката во нападот за наредната сезона.

Управата на „копјаниците“ постигна договор со Сао Паоло за трансфер на Адријан за 20 милиони евра.

Ss1

Олимпискиот репрезентативец на Бразил ќе се пресели во Амстердам во јуни. Дотогаш ќе остане во дресот на Сао Паоло за кој досега одигра 33 меча и постигна шест гола.

Ајакс забележа профит од над 150 милиони евра од продажба на играчи во сезоната 2018/19. Матијс де Лихт го испрати во Јувентус за 85,7 милиони евра, Френки де Јонг во Барселона за 75 милиони евра и Каспер Долберг во Ница за 20,5 милиони евра. сѓд/ми/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер