Утрински Весник
Свет

Зошто Русите секогаш ги бомбардираат украинските градови рано наутро: Путин го планира секој чекор, ја покажува и својата бруталност

Зошто Русите секогаш ги бомбардираат украинските градови рано наутро: Путин го планира секој чекор, ја покажува и својата бруталност

Русија многупати брутално ја гранатираше украинската територија во текот на изминатата година. При последниот напад, според тврдењата на украинската страна, руската армија лансирала 81 проектил. Ваквите „удари“ станаа препознатлива тактика на рускиот претседател Владимир Путин, која ја користи како одговор, поточно одмазда, на секој инцидент на руска територија што Москва му го припишува на Киев. Последниот таков напад беше во областа Брјанск, по што следеше брутална руска одмазда.

dobivaj vesti na viber

Во четвртокот утрото цела територија на Украина беше бомбардирана со ракети. Како што соопшти Киев, овој пат се употребени некои од најразорните ракети што ги има Русија – Кх-22 и Кх-47 или Кинжал. Вооружените сили на Украина немаат начин и соодветна опрема да ги уништат.

Дека станува збор за напад чија цел била да се покаже степенот на бруталност на кој Русите се спремни да одат, потврди и соопштението на руското Министерство за одбрана, кое беше објавено само неколку часа по нападот.

„Руските вооружени сили извршија масовен одмазднички ракетен напад врз воената инфраструктура на Украина како одговор на терористичкиот напад во областа Брјанск. Засегнати таргет се клучните елементи на украинската воена инфраструктура, претпријатијата од воено-индустрискиот комплекс, како и енергетските капацитети што ги обезбедуваат“, се вели во соопштението на Министерството.

И парализирањето на енергетските системи во Киев, Одеса, Харков и многу други украински градови претставува начин на кој Путин се справува со Украина.

Ова се случува, како што тврди Москва, бидеќи група украински диверзанти упаднале на на територија и извршиле напад во кој загина едно лице, а малолетник е полесно повреден. Исто така, руските власти тврдат дека вооружените сили на Украина истовремено извршиле уште неколку напади врз областа Климовски.

Првиот напад кој го посочуваат е со дрон кој запали куќа во селото Сушани. Потоа, како што тврдат, од минофрлачи било нападнато селото Ломаковка во општинскиот округ Стародуб. Во нападот нема жртви, а оштетени се две домаќинства. Наводно, во областа Брјанск во селото Љубечане се случила заложничка драма – неколку лица биле заробени во локална продавница.

Сценариото е применето многу пати

Будењето на украинските граѓани со бомбите на Путин не е невообичаено. Имено, сите „одмазди“ на Русија ги поврзува истата, добро координирана шема.

Бомбите доаѓаат, кога никој не ги очекува – во зори или нешто пред девет часот наутро, тоа е време кога најголемиот дел од населението ги напушта домовите и оди на работа, градинка или училиште.

Путин направи слична „одмазда“ во октомври минатата година. Тогаш силите на Киев го нападнаа Белгород, руски град кој се наоѓа веднаш на границата со Украина. Само еден ден подоцна, Украина беше бомбардирана од ирански камикази беспилотни летала. И тогаш руското Министерство за одбрана призна дека извршило „масовен“ напад врз воени цели и енергетска инфраструктура во Украина со високопрецизно оружје.

Случајно, или не, на еден од беспилотните летала пишува „За Белгород“, што упатува на рускиот град северно од Украина, кој претходно беше цел на украински напади.

Нападите на Белгород беа и еден вид украинска одмазда за претходното руско гранатирање на Киев – најбрутално од почетокот на војната. А тој напад на главниот град беше дел од руската одмазда – за експлозијата на мостот на Крим, кој уште го нарекуваат и „гордоста на Путин“.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков