Утрински Весник
Спорт

Нови лудории на Џа Морант: Танчерки во скутот и расфрлани 50.000 долари во стриптиз бар

Нови лудории на Џа Морант: Танчерки во скутот и расфрлани 50.000 долари во стриптиз бар
Ss2

Ѕвездата на Мемфис Гризлис, Џа Морант, се соочува со огромни проблеми откако на Инстаграм објави видео во кое држи пиштол, а неговиот живот со лудории го потврди и „Њујорк Пост“.

dobivaj vesti na viber

Американскиот медиум објави фотографии на кои се гледа дека Џа Морант имал жестока забава и две ноќи пред да се слика со пиштолот. Сцените се навистина неверојатни.

Морант бил снимен како се задоволува со танчерка во скут, а огромна сума пари била расфрлана низ целиот клуб. НБА ѕвездата наводно оставила 50.000 долари како бакшиш таа вечер.

„Целата соба беше полна со пари. Ја имаше насекаде и буквално ти требаше лопата за да ги собереш”, рекол сведок на настанот во клубот.

Ова се случувала во Денвер. Морант го изнајмил објектот само за себе и таму останал околу три часа. Во тој период им оставил многу пари на девојките кои биле со него.

„Дојде да се забавува. Сакаше да има многу девојки со него и да свират гангстерска музика“, изјавил сведокот за „Њујорк Пост“.

Ss1

Можете да прочитате

Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на Челзи

Албански стратег кој со Шкендија беше шампион во мак-фудбалот е нов тренер на Шкупи

(Видео) Браќата на Јокиќ натепаа навивач на трибина