Утрински Весник
Свет

Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане, смета Трамп

Tramp 2.webp.webp

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно повика на прекин на војната во Украина и рече дека Русија „ја изгубила контролата врз дизелот“.

Неговиот повик дојде откако честите украински напади врз руските енергетски капацитети предизвикаа нов скок на цените на дизелот во Русија.


Претседателот Трамп на неговата социјална мрежа Truth Social денеска напиша: „За жал, поради војната со Украина, Русија ја изгуби контролата врз својата индустрија за дизел гориво. Голем број од нивните рафинерии за дизел се уништени и барем привремено се надвор од функција. Оваа апсурдна и бескрајна војна со Украина мора да престане. Целиот свет страда додека 25.000 луѓе, претежно војници, умираат секој месец. Каква штета!“

За утре е најавена средбата на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Американскиот претседател претходно ја повика Украина да ги запре нападите со беспилотни летала на руските нафтени капацитети со цел да се стабилизира пазарот на енергија.

Цените на дизелот во САД утрово достигнаа рекордни 6,51 долар за галон.

Можете да прочитате

ТВ станиците од пулот во Белата куќа го бојкотираат Трамп поради забраната на трите медиуми

Полска сака да прими на своја територија 15.000 американски војници

Иран само во септември заработил повеќе од три милијарди долари од извоз на нафта, најмногу во последните две години