Утрински Весник
Македонија

ЗНМ: Спречувањето на новинарите да ја извршуваат својата професионална задача е неприфатливо

169 15.jpg

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на опструкцијата и попречувањето на новинарите и медиумските работници да ја вршат својата работа од страна на неодговорни поединци, жители на селото Галате, општина Врапчиште.

„Според информациите кои пристигнаа до ЗНМ од страна на колегите новинари и медиумски работници, денеска при земање на изјави и снимање на инсерти екипите на ТВ АЛСАТ и ТВ21 биле вербално нападнати и спречени да ја извршат својата професионална работа на јавен простор.

Сакаме јасно да истакнеме дека односот кон новинарите и медиумите кои работат на терен е од особена важност за слободата на информирање и изразување во демократското општество.

Очекуваме дека ќе има брза истрага за инцидентот со цел одговорните да сносат последици, а воедно да се спречат и демотивираат вакви инциденти во иднина.

Укажуваме дека попречувањето на новинарите и медиумските работници да ја извршуваат својата професионална задача е неприфатливо и придонесува кон цензура“ се наведува во соопштението на ЗНМ.

Можете да прочитате

Од „Стави појас“ до заштита од семејно насилство – МВР со серија едукативни активности во повеќе градови

Зимата нагло ни се враќа: На планините на Балканот и до еден метар снег

Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно