Утрински Весник
Магазин

Жителите на Малага планираат демонстрации против приливот на туристи во нивниот град

Malaga In The Summer.jpg

По неодамнешните протести на Канарските Острови и навидум растечкиот антитуризам низ Шпанија, жителите на градот Коста дел Сол, Малага, исто така планираат демонстрации во јуни против приливот на туристи во нивниот град.

Мештаните на Малага во јуни ќе излезат на улиците во знак на протест против масовниот туризам, објави порталот Локал.

Тензијата меѓу локалните жители на места како Барселона, Валенсија, Балеарските и Канарските Острови, како и Малага, произлегува од фрустрацијата од моделот на масовен туризам и неговото влијание врз нивните градови.

Покрај туристи, има и прилив на дигитални номади, од кои многумина доаѓаат во Шпанија за да уживаат во релативно пониските трошоци за живот со високи плати и куповна моќ.

Во градовите како Малага, локалното население не може да си дозволи да ги плаќа кириите на имотите, кои се повеќе се издаваат на туристи.

Поради сето ова, жителите на Малага на 29 јуни ќе излезат на улица под слоганот „За пристојно домување и против процесот на „туризам“ и несигурноста на животот“.

Можете да прочитате

Глобалниот животен век ќе се зголеми за речиси 5 години до 2050 година

Цвеклото во борбата против високиот крвен притисок

Пол Макартни стана првиот британски музичар милијардер