Утрински Весник
Спорт

Жесток меч во Аризона, се степаа Нуркиќ и Маршал

Untitled 3 52.jpg

Кошаркарите на Далас забележаа победа над Феникс Санс со 98:89. Натпреварот го обележа тепачката меѓу Јусуф Нуркиќ и Наџи Маршал.

Без Лука Дончиќ Далас запиша лесна победа над Феникс. За Санас ова беше четвртиот пораз на последните пет натпревари.


Натпреварот го одбележа и кратка, но жестока пресметка меѓу Јусуф Нуркиќ и Наџи Маршал, по што и двајцата беа исклучени. Заедно со нив, судиите испратија уште еден играч на гостите, Пи Џеј Вашингтон, бидејќи и тој се вмеша во пресметката.

Што се однесува до самиот натпревар, залудни на домашните им беа 35 поени на Кевин Дурент, кој беше одличен, но осамен офанзивно, а овојпат без помошта на повредениот Девин Букер. Бредли Бил со 11 и Ројс О’Нил со 14 поени беа неговата најсилна поддршка.

Кај победниците предводник беше Кајри Ирвинг со 20 поени, Даниел Гафорд постигна 14.

Резултати

Орландо – Њујорк 85:108
Бостон – Индијана 142:105
Бруклин – Сан Антонио 87:96
Хјустон – Минесота 112:113
Њу Орлеанс – Мемфис 123:132
Денвер – Кливленд 135:149
Феникс – Далас 89:98
Лос Анџелес Клиперс – Голден Стејт 102:92

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026