Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев” , јавниот простор вратен на граѓаните

7d52a1df 4263 4ff1 9d33 d4d1dd080d9b.jpeg

Општина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев”, кај слаткарницата „Малага”. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење.

„Го расчистивме просторот и го вративме на пешаците, на кои им припаѓа. Јавните површини мора да бидат слободни и достапни за сите”, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.


Конструкцијата, која претходно се користеше како тераса, ја зафаќаше пешачката зона и го попречуваше нормалното движење во строгиот центар на градот.

Општина Центар продолжува со инспекциски контроли и активности за отстранување на бесправно поставени конструкции и објекти, со цел заштита на јавниот простор и непречено движење на граѓаните.

Можете да прочитате

Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев” , јавниот простор вратен на граѓаните

Аеродром добива нов парк – почна уредувањето на просторот кај „Џевахир“

Ѓорѓиевски: Следната година Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во танц