Утрински Весник
Скопје

Ново спортско игрлиште во ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром

Novo sportsko igralishte3.jpg

Во завршна фаза е изградбата на новото спортско игралиште од 360 м2 наменето за кошарка и одбојка во рамките на ООУ „Блаже Конески“ во населба Мичурин.

Во моментов се изведуваат завршните работи за боење и уредување на спортската површина, изведена со современа трислојна лиена гумена подлога со висока издржливост, погодна за сите временски услови.


Материјалите што се вградуваат се безбедни за здравјето на корисниците и за животната средина, со што се создава уреден и сигурен простор за спорт, дружење и поттикнување на физичката активност и тимскиот дух.

Можете да прочитате

Камениот Мост блесна во ново светло – нов ноќен лик на симболот на Скопје

Герасимовски: Вложуваме во дигитална инклузија, создаваме еднакви можности за секое дете

Без вода утре дел од Ново Лисиче