Утрински Весник
Македонија

Жерновски повторно ќе се активира политички

Zernovski.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Екс градоначалникот на општина Центар и носител на други државни функции, Андреј Жерновски размислува повторно да се активира политички.

Ова тој го потврди во изјава за 24инфо.мк откако на мини анкета меѓу нашите читатели на прашањето Кој бил најдобар градоначалник на Центар, токму Жерновски доби најмногу гласови.


„Многу ми значи и ме израдува фактот дека граѓаните на Центар, и покрај тоа што поминаа 12 години од мојот избор за градоначалник на најважната општина и што 4 години сум отсутен од јавниот партиско-политички живот, сѐ уште добро се сеќаваат на нашата заедничка соработка, на постигнатите резултати, реализираните проекти и воспоставените трајни вредности. Таа наша искрена врска, која започна преку историската и макотрпно стекната победа, само се потврдува со текот на времето. Доаѓа период кога, по се’ изгледа, повторно ќе се активирам политички, а во каков облик ќе продолжи конкретната моја соработка со центарци, останува да размислиме и одлучиме заедно, при што финалниот збор ќе го имаат токму они“ изјави Жерновски за 24инфо

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе