Утрински Весник
Македонија

Крвава ноќ во Скопје: Убиен 26-годишник, застрелан на Пластичарска

Screenshot 2026 09 07 094020.jpg

Дваесет и шестгодишен маж е убиен во вооружен напад што синоќа се случил на булеварот „Никола Карев“, познат како Пластичарска улица во Скопје, објави Телма.

Според информациите на телевизијата, кон 26-годишникот било пукано од лице кое се движело со мотор. По нападот, тешко повредениот маж бил итно пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, каде лекарите се обидувале да му го спасат животот.

И покрај укажаната медицинска помош, тој во текот на ноќта им подлегнал на повредите.

Напаѓачот веднаш по пукањето избегал од местото и по него се трага.

Телма, повикувајќи се на неофицијални информации, објави дека осомничениот за пукањето наводно е лице кое издржува затворска казна, а во моментот на нападот било пуштено на викенд. Оваа информација засега не е официјално потврдена од надлежните институции.

Првичните сознанија, според истиот извор, упатуваат дека зад убиството би можела да стои пресметка меѓу криминални групи поврзани со трговија со дрога.

Во неофицијалните информации се споменува и криминалната група „Беланоца“, но евентуалната поврзаност со случајот, како и мотивот за нападот, допрва треба да бидат утврдени. За овие наводи во моментов нема официјална потврда.

Полицијата и Обвинителството работат на целосно расчистување на случајот, утврдување на мотивот за убиството и пронаоѓање на напаѓачот.

Можете да прочитате

ЛДП: ВМРО да докаже оваа недела дали приоритет им е Законот за Пандов или Законот за укинување на двојното државјанство

Македонија го почнува првото генетско пребројување на кафеавата мечка

Од првиот министер за одбрана до првороденото дете во независна Македонија – специјално „Отворено студио“ на 4TV