Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски, навистина мисли дека сите се идиоти, како и Бобан Милошески

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Гета бесплатно? Целата прослава бесплатно?


Тоа што го платила Државна Лотарија, која е во сопственост на државата – тоа не важи?

Христијан Мицкоски денеска тврди дека за Дејвид Гета и сите настани по повод 35 години независност потрошиле „нула денари” од буџетот.

Сè било организирано со поддршка на „општествено одговорни компании”.

Уште една лага на Мицкоски. Само лаги. Човекот кога ќе ја отвори устата – лаже. Не знаеме дали и самиот почна да верува во сопствените лаги, бидејќи неверојатно е некој да мисли дека граѓаните можат да поверуваат во вакви бесмислени лаги.

Државната лотарија е државна. Парите на Државната лотарија се народни пари.

Кога државна компанија плаќа од дивидендата за концерти и прослави на Владата – тоа се пари на граѓаните.

Нема „нула денари”.

Има префрлање на трошокот од еден џеб на државата во друг.

Додека касата е празна, додека се задолжуваат милијарди, додека нема пари за плати, пензии и земјоделци – има пари за спектакли што се претставуваат како „бесплатни”.

Мицкоски, граѓаните не се идиоти.

Гледаат каде одат парите.

И знаат дека „нула денари” е само уште една лага.

Можете да прочитате

Директорот на затворот во Шутка, Бобан Утковски поднесе оставка

ХЕРА: Сеопфатно сексуалното образование е решение за насилството, злоупотребата и дезинформациите, Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите

Само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавања за математика, читање и наука