Утрински Весник
Македонија

Жените ги нападнале мажите – три одделни случаи стигнале до полицијата

Policija negotino.webp.webp

Три случаи во кои мажи пријавиле дека биле физички нападнати од своите сопруги се евидентирани во полициските билтени за Берово, Скопје и Велес.

Според информациите од МВР, вчера во 08:30 часот во ОВР Берово, 45-годишен маж од беровско пријавил дека на 6 септември, околу 19 часот, по претходна расправија во семејниот дом, тој и неговиот малолетен син биле физички нападнати од неговата 34-годишна сопруга.


Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Неколку часа подоцна, во 11:30 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж пријавил дека на 6 септември во својот дом на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата сопруга А.Б. (37).

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на овој случај.

Сличен настан бил пријавен и во Велес, каде полициски службеници ги лишиле од слобода К.Т. (54) и Д.С. (51), двајцата од Велес.

Претходно, 56-годишен велешанец пријавил дека во домот бил физички нападнат од неговата сопруга К.Т. Тој дополнително пријавил дека на 2 септември телефонски му се заканувал Д.С., сопруг на неговата вонбрачна партнерка.

За настаните биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес. По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание