Утрински Весник
Свет

Земјотрес со јачина од 7 степени ја погоди границата меѓу Киргистан и Кина

IMG

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на границата на Киргистан и кинеската провинција Ксинџијанг, соопшти германскиот истражувачки центар за геологија (ГФЗ).

Земјотресот се случил на 126 километри североисточно од киргистанскиот град Кизил-Су. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за материјална штета или жртви

Можете да прочитате

ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

ОН: Израел намерно ги напаѓал децата во Појасот Газа

Италија од руските олигарси заплени милијарди евра, јахти и авиони