Утрински Весник
Свет

Турскиот парламент утре ќе гласа за членството на Шведска во НАТО

IMG

Парламентот на Турција утре ќе гласа за членството на Шведска во НАТО, објави денеска приватниот информативен канал CNN Turk. Со ова заврши повеќе од една година чекање од страна на западните сојузници на Анкара Турција да го ратификува пристапот на Шведска во северноатлантската воена алијанса.

По тој чин, Унгарија би останала последна пречка за процесот на пристапување на земјата во НАТО.

Шведска и нејзиниот сосед Финска беа воено неутрални земји во текот на Студената војна и потоа.

Сепак, по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, двете земји се откажаа од својата неутралност и побараа да се приклучат на НАТО.

Во меѓувреме, Финска беше примена во Алијансата, а Турција долго време го условуваше приемот на Шведска.

 

 

Можете да прочитате

Почина 28-годишна вработена во руски институт за чума – СЗО го процени ризикот за Европа

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта

Неколку стотици илјади луѓе протестираа во Франција заедно со средношколците и студентите