Утрински Весник
Македонија

Земјотрес регистриран доцна вечерва во Македонија

Deprem haftasi konulu fotograf ve yazi odakli sade instagram gonderisi.jpg

Земјотрес со магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 23:50 часот по локално време на територијата на Македонија.

Според првичните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на околу девет километри североисточно од селото Делогожда, во Струшко.

Потресот бил регистриран на длабочина од околу 15 километри.

Со оглед на ниската магнитуда, станува збор за микро-потрес. Земјотресите со ваква јачина вообичаено може слабо да бидат почувствувани од населението во непосредна близина на епицентарот, а не се очекува да предизвикаат материјална штета.

Засега нема информации за евентуални штети или други последици од земјотресот.

Можете да прочитате

Одбележан 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, доделени признанија на 13 најдобри наставници за учебната 2025-2026 година

Жена и две деца повредени откако „пежо“ излетало од патот и се превртело

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија