Утрински Весник
Свет

Расте бројот на загинати во земјотресот во Венецуела

Image 2026 08 10 185759785.png

Најмалку 132 лица загинаа во Колумбија по еден од најсилните земјотреси што ја погодија земјата во последните години. Властите прогласија вонредна состојба, а се очекува бројот на жртви да се зголеми додека спасувачите бараат луѓе закопани под урнатините, јавува Би-Би-Си .

Според геолошкото истражување на земјата, земјотресот со магнитуда од 7,4 степени се случил во понеделник во 7:34 часот наутро по локално време на длабочина од 64 милји (103 километри) во покраината Чоко. Потресите биле почувствувани низ широка област на западна Колумбија. Градот Переира, кој се наоѓа во познат регион за одгледување кафе, бил најтешко погоден, а жртви има и во околните градови и во регионот Вале дел Каука. Колумбиската асоцијација на главни градови соопшти дека повеќе од 480 лица се повредени.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на селото Сан Хозе дел Палмар во покраината Чоко. Локалниот градоначалник на Леон, Фабио Марин Монкада, изјавил дека нема жртви или повредени во самото село, но дека пристапните патишта се оштетени.

Можете да прочитате

Иран соопшти дека арапските министри за надворешни работи в понеделник во Оман ќе потпишат договор за пловидба низ Ормуз

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска

Француските власти истражуваат можна саботажа на возот што излета од шините во Нормандија