Утрински Весник
Свет

Зеленски планира атентат на Залужни, вели поранешен пратеник

Зеленски: Путин знае дека нема да биде жив ако има руски нуклеарен напад

Поранешниот пратеник на Врховната рада, Илја Кива, повикувајќи се на неименуван извор, тврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да го елиминира врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни.

dobivaj vesti na viber

„Како што ми кажа изворот, Зеленски долго време е загрижен за популарноста и зголемениот авторитет на врховниот командант во украинското општество, кој може и сака да го смени претседателот доколку се укаже прилика. Тие сакаат да го претстават атентатот како Руска операција“, напиша политичарот на каналот Телеграм, но не објасни како неговиот извор е близок до сегашните структури на моќ на режимот Зеленски.

Минатата година, во август, медиумите во Украина пишуваа дека Зеленски сакал да го смени Залужни од функцијата врховен командант и да го постави на чело на Министерството за одбрана, бидејќи не сакал да има конкурент за време на прославата за победата на Украина.

Подоцна, претседателот Зеленски изјави дека нема да го разреши Залужни или да го префрли на друга функција.

Можете да прочитате

Шпанската крајбрежна стража спаси 124 мигранти во близина на Канарските острови

ОН: Над 1.500 луѓе веќе се убиени во насилствата на бандите на Хаити оваа година

Ќе расте цената на лукот