Утрински Весник
Македонија

„Зелен хуман град“: Град Скопја мора навремено да ги објавува решенијата за интервенција врз зеленилото

„Зелен хуман град“: Град Скопја мора навремено да ги објавува решенијата за интервенција врз зеленилото
Ss2

Град Скопја мора навремено да ги објавува решенијата за интервенција врз зеленилото, реагираат од иницијативата „Зелен хуман град“ откако биле контактирани од жители во зградите во близина на ТЦ Мавровка дека ЈП Паркови и зеленило Скопје во раните утрински часови денес, во неработен ден, на државен празник, со обемна механизација кастрат и се отстрануваат повеќедецениски дрвја.

dobivaj vesti na viber

Според сателитски слики направени оваа година, велат од здружението, дрвјата изгледаат здрави и зелени, малку од зеленилото останато околу ТЦ Мавровка.

Ss1

„Советниците на Зелен хуман град во Град Скопје веќе цела година инсистираат дека за секоја интервенција врз зеленило (а не само за садење) мора јавноста не само да се информира, туку да ѝ се даде доволно време да реагира и да ги обжали решенијата за отстранување зеленило кои ги смета за неосновани. Самата правна поука на крајот од секое решение за интервенција врз зеленило дава 15 дена рок за поднесување жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање. Како може да се жали некој што не е информиран?!“, велат од „Зелен хуман храд“.

Тие исто така во континуитет бараат буџетски средства да се алоцираат за доработка и активирање на Зелениот катастар во Скопје, преку кој ќе може да се следи здравјето на севкупното зеленило во градот. Со таква платформа, сметаат активистите, изговорите за болни/суви дрвја ќе бидат многу лесно разобличувани. Доколку оваа практика на сечење, кастрење и преместување на дрвја во градот без граѓаните да се инволвирани продолжи, Зелен хуман град најавува радикализација на напорите за заштита на нашето зеленило, колку и малку да остана од него.

„Штом ги добивме дојавите за случајот се обративме до Град Скопје и поднесовме барање да ни се достави целокупната документација за предметот – почнувајќи од поднесеното барање завршувајќи со решението за кастрењето и отстранувањето на дрвјата. Се обративме до Општина Чаир и побаравме да ни го достави важечкиот ДУП за да видиме каква е намената на конкретната парцела 8891/16 и дали нејзиното поплочување е законско. На својата страница од урбанистичко-планска документација Општина Чаир има објавено само еден урбанистички проект и толку! Штом ги добиеме информациите, веднаш ќе ги споделиме со јавноста“, додаваат активистите на Граѓанска иницијатива „Зелен хуман град“.

Ss1

Можете да прочитате

Ахмети од Кичево: На 8 мај да ја зголемиме победата со заокружување на бројот 4

Бојмацалиев на промоција на нови полициски службеници: Ги осигуравме интегритетот и чесноста на полициските службеници

Таравари: ВЛЕН единствена албанска опција на 8ми мај, промената доаѓа