Утрински Весник
Македонија

Здружението „Нов АСНОМ“: Западот е нестабилен сојузник, вети влез во ЕУ со промената на името, сега поставува нови услови

СДСМ: Победата над фашизмот отвори нов период во историјата, кој подоцна прерасна во обединета Европа

Граѓанското здружение „Нов АСНОМ“ цени дека пораката на американскиот сенатор Крис Марфи дадена при неговата посета на Република Македонија но и на амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, се скандалозни и без преседан и дека всушност, ниту тие, ниту претседателот Бајден и неговата администрацијата, немаат разбирање за чувствата на Македонските граѓани а уште помалку за Македонските национални интереси и идентитески проблеми што се јавија со Преспанскиот и Бугарскиот договор.

dobivaj vesti na viber

Од здружението велат дека македонските граѓани оправдано се прашуваат каков е тој стратешки партнер кој се заканува и поставува ултиматуми и кој не ја препознава и почитува огромната посветеност на Македонија кон евроатланските интеграции и европскиот пат, но и болните отстапки што се направени во таа насока.

„Зошто тие немаат сенс за валоризирање на тешките одлуки и политички отстапки што Македонија, на своја штета ги направи за напредување во евро-атлантските интеграции? Сенаторот Марфи треба да знае, навистина да знае, дека нашиот пат кон ЕУ е премногу долг и дека нивните стратешко-пријателски „совети“, за уставните измени што треба Македонија да ги направи до крајот на годинава, а кои ни ги наметнаа како обврска по ќејфот на нашиот источен сосед-најсиромашната членка на ЕУ, до срж болат и ја параат душата на секој вистински Македонец“, велат од здружението.

НовАсном го потсетува сенаторот Марфи дека, Македонија заглави во Европската интеграција како резултат на неисполнувањето на обврските кои Западот, чиј предводник е САД, ги имаше према нас.

Велат дека САД и ЕУ, на Македонија и ветија почеток на преговорите со ЕУ, ако го промениме уставното име, а Западот не го исполни даденото ветување за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.

Со ова, велат од здружението, се потврдува дека на Западот не треба да му се верува, дека Западот не ги исполнува своите договори со своите сојузници и стратешки партнери и дека, Западот е нестабилен наш сојузник. Се додава дека кога на сето ова ќе ги додадеме и срамните идентитески уцени содржани во Францускиот предлог, тогаш апсолутно е јасно зошто е огромна и оправдана нашата тотална скептичност према понудениот пат кон ЕУ.

НовАсном јасно и гласно го отфла вака понудениот т.н. пат кон ЕУ каде што ние-Македонците, треба самите да се откажеме од себе си.

 

Можете да прочитате

Прв средношколски самит за кариерен развој

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик 

Маричиќ: Оваа влада ги покачи пензиите за 50 отсто, во наредниот мандат ветуваме просечна пензија од 500 евра