Утрински Весник
Македонија

Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки на ЕУ инстанци, не со Бугарија

Levica.webp.webp

Соопштение на Левица:

Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата во преговорите со Бугарија е политичка манипулација и извртување на самиот поим „национално единство”. Преговори со Бугарија не се исто што и преговори со Европската Унија, а самото прифаќање на билатерални преговори со Софија веќе претставува политички став, а не некаква неутрална и стандардна процедура. 


Национално единство не се гради со делење места во преговарачки тимови, туку со усогласување на заеднички државни позиции за тоа што, со кого и под кои услови се преговара. Сосема легитимна е позицијата да се поддржува членството на Македонија во ЕУ, но истовремено да се отфрлаат билатералните преговори со Бугарија како услов за евроинтеграција, притоа инсистирајќи преговорите да се водат исклучиво на инстанци на Унијата, односно, во рамки на официјалните институции и преку механизми на Унија.

И конечно, преговорите со ЕУ треба да бидат суштински преговори, водени во рамките на националните интереси на Македонија, а не процес во кој од државата постојано се бара да ги жртвува сопствените интереси заради безусловно исполнување на барањата од Брисел.

Токму тоа е и принципиелната позиција на Левица: не сме против преговори со ЕУ, туку против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција. Инсистираме на директни и суштински преговори со институциите на ЕУ, во кои Македонија ќе настапува како рамноправен субјект со сопствени позиции и државни интереси.

Можете да прочитате

Реакција на СДСМ на Антонио Милошоски

Мицкоски: Жалам што бугарските политичари прават естрадна ѕвезда од Ива Михајлова, кога-тогаш таа и нејзиниот татко ќе одговараат

Клековски најави итни мерки за онколошките пациенти и долгорочен национален пристап кон контролата на ракот