Утрински Весник
Македонија

Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а 10.000 евра месечно државни пари се трошат за само тројца директори, објави Наќе Чулев

Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а 10.000 евра месечно државни пари се трошат за само тројца директори, објави Наќе Чулев

За плати на директорите на трите државни агенции од безбедносниот сектор, само за еден месец граѓаните плаќаат речиси 10 илјади евра. Просечната плата на секој од нив согласно законски утврдениот коефициент и другите додатоци, е околу 3 илјади евра, на месечно ниво. Ова го објави на социјалните мрежи екс-техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

dobivaj vesti na viber

Тој вели дека кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, вкупната сума која државата ја двои секој месец за плати за само три лица односно Директорите на Агенција за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Оперативно техничката агенција, изнесува 600.000 денари. На годишно ниво, само за директорите на овие три институции се трошат речиси 7.200.000 денари.

Платата на секој овие три директори е повисока дури од платата на претседателот на државата и премиерот, вели Чулев.

„Сите ние плаќаме илјадници евра за плати на луѓето кои се возат во луксузни и скапи возила, кои имаат цела армија обезбедувања и возачи, јадат скапи ручеци и единствено нешто што направија се низата скандали поврзани со безбедносните сертификати, спорните државјанства и пасоши на белосветски криминалци и фактот дека го доведоа безбедносно – разузнавачкиот систем во катастрофално, лоша состојба во каква што не бил во изминатите 30 години, сериозно нарушувајќи ги безбедносните капацитети на Македонија кои имаат основна цел зачувување на уставниот поредок на државата и територијалниот интегритет“, вели Чулев во објавата.

Како што додаде ЕУ и НАТО бараат одговорни, едуцирани и докажани професионалци на раководни позиции со високи морални вредности и интегритет, а астрономските плати се само начин на кој оваа власт продолжува да го осиромашува народот и да ја руши економијата на државата.

Можете да прочитате

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така ќе растат пензиите

Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори

Променливо облачно со повремен дожд и посвежо