Утрински Весник
Македонија

Завршни зборови на обвинителството и одбраната за убиството на 79 годишната Борјанка Николова од Штип

20260408152900 big 730x400 63 1.webp.webp

Обвинителката од Основното јавно обвинителство-Штип бара казна согласно законот, бидејќи 74 годишниот Денис Асанов ја убил 79 годишната Борјанка Николова, а пак неговата одбрана побара ослободителна пресуда и тврди дека Асанов е невин. Ова се дел од завршните зборови за случајот со убиството на Николова, чиј дел од телото беше пронајдено закопано во дворот на Асанов во Штип.

-Врз основа на горе изнесеното во целост ќе се докаже дека обвинетиот извршил грозоморно убиство на жена, при што на еден монструозен и немилосрден начин ја убил оштетената и со остар предмет и ги отсекол главата и нозете, а трупот со рацете го закопал во дворот на неговата куќа, додека главата и нозете ги фрлил на непознато место-рече Александра Здравкова-Стојанова.


Обвиниетиот Асанов денеска негираше вина и како што рече ги сакал жените и никогаш не кренал рака на нив.

Според бранителката Елизабета Панева доказите не се доволни и не даваат јасна слика за како е извршено злоделото. Во завршните зборови посочи дека отсуствуваат докази, со што се отвара простор за сомнеж во вината на обвинетиот. Таа побара домашен притвор и ослободителна пресуда за обвинетиот. 

-Во предметниот случај не постои ниту еден доказ, кој упатува дека дејствијата на обвинетиот биле мотивирани од полот на оштетената, ниту пак дека постоела претходна динамика на односот која би укажала на континуирано насилство засновано на родова основа- вели Панева.

Убиството е извршено лани, а по обдукцијата е утврдено дека жртвата Николова имала скршени осум ребра и тешки повреди на градниот кош, најверојатно од силен притисок. Телото било пронајдено по две недели по смртта.

Асанов пред истражните органи првично признал вина, но подоцна ја смени изјавата, тврдејќи дека телото го пронашол во куќата.

Судијката од Основниот суд во Штип, Јулијана Недкова пресудата ќе ја објави на 28 април во 14 часот

Можете да прочитате

Киднапирана 28-годишна жена, силувана, тепана и три дена држена во заробеништво

Кражба на електрична енергија во вредност од над 22.000 евра откриена на Попова Шапка

ЦУ: Етапно царинење на употребувани автомобили и користење на други расположиви податоци, наместо податоци од електронскиот Шваке систем кој е хакиран