Утрински Весник
Македонија

Тројца директори во здравството вратија 1,5 милион денари поради неправилно пресметани плати

650281089 122284954832218231 508250508271680858 n.jpg

Тројца актуелни или поранешни директори на јавни здравствени установи вратиле по 500.000 денари, односно вкупно 1,5 милион денари, средства што претходно ги добиле врз основа на неправилна пресметка на плата.

Ова го соопшти Фонд за здравствено осигурување на Северна Македонија преку генералниот директор Сашо Клековски, кој посочи дека институцијата, покрај медицинската, врши и постојана финансиска контрола.


„Во три случаи актуелни или поранешни директори ги вратија погрешно пресметаните приходи од речиси еден и пол милион денари“, изјави Клековски.

Тој нагласи дека целта е да се воспостави систем во кој ќе се почитуваат правилата и одговорноста, додавајќи дека паралелно со контролите се работи и на подобрување на примањата во здравствениот сектор.

Според него, платите во здравството веќе бележат раст, вклучително и зголемување на капитациите за матичните лекари, како и дополнителни покачувања најавени од март.

„Испраќаме јасен сигнал дека трудот ќе биде соодветно вреднуван, но истовремено очекуваме фер однос и прекин на злоупотребите, особено во делот на додатоците“, истакна Клековски.

Тој додаде дека Фондот ќе продолжи со комуникација со здравствените установи и синдикатите со цел воспоставување транспарентен и правичен систем.

„Не може да има самовреднување и самонаплата. Ќе се воспостават јасни правила кои ќе важат за сите“, потенцираше Клековски.

Можете да прочитате

Киднапирана 28-годишна жена, силувана, тепана и три дена држена во заробеништво

Кражба на електрична енергија во вредност од над 22.000 евра откриена на Попова Шапка

ЦУ: Етапно царинење на употребувани автомобили и користење на други расположиви податоци, наместо податоци од електронскиот Шваке систем кој е хакиран