Утрински Весник
Магазин

Завршил на Ургентен центар оти го „погодила“ песна на Шабан Шаулиќ – лекарски извештаи од соседството мета на потсмев

Завршил на Ургентен центар оти го „погодила“ песна на Шабан Шаулиќ – лекарски извештаи од соседството мета на потсмев
Ss2

На социјалните мрежи се појавија два наводни лекарски извештаи од Србија и Хрватска, во кои се опишани повредите со кои се здобиле две млади момчиња кои завршиле во Ургентен центар.

dobivaj vesti na viber

Еден белграѓанец по име Вељко завршил во ургентен центар поради песна на Шабан Шаулиќ. Имено, како што пишува во извештајот причина за посетата на лекар е „песната поради која скршил шише од главата“. Тој наведува дека се удрил со шише по глава бидејќи го погодила песната „Дојди да остариме заедно“ од Шабан Шаулиќ“, и тоа стои во описот како дошло до повредата.

Ss1

Еден загрепчанец, пак, завршил во ургентен центар поради јагнешка коска со која го повредил окото. Имено, додека јадел самиот случајно се удрил во левото око.

„Денеска за време на ручек го удрило парче јагнешка коска во пределот на левото око. Држел мраз околу 20 минути, видот му е заматен, го гребе и има болки. Негира какви било други тегоби. Негира каква било алергија на лекови“, се наведува во извештајот.

Набргу по објавувањето на двата медицински извештаи, корисниците на социјалните мрежи масовно почнаа да споделуваат фотографии, најчесто со опис „Ќе живее овој народ додека има јагниња и песни на Шабан“.

Ss1

Можете да прочитате

Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж” во Париз

СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна

На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови