Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Решението за студентскиот оброк е на маса, студентите ќе добијат поголеми права и привилегии

Mickoskikarpos.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на денешниот настан со МОН и дали има решение за студентскиот оброк, изјави:

„Решението е јасно, решението е на маса. Сега гледаме како тоа да го операционализираме заедно со Генералниот секретаријат, Министерството за дигитална трансформација и се разбира Министерството за образование и наука.


Мислам дека сме на добар пат и тоа што ќе го креираме овој пат е навистина нешто иновативно. Нешто кое што ќе им помогне на студентите да се стекнат со поголеми права за споредба со тоа што денеска го имаат и поголеми привилегии, многу поголеми од тоа што денеска го имаат. Така што кога ќе имаме конечен производ, а се очекува многу скоро денеска, ќе ги поканиме студентите и медиумите, да сето тоа го презентираме на јавноста.”

Можете да прочитате

Започнаа јавните расправи за новиот Кривичен законик – построги казни за корупција и злоупотреби, до 15 години затвор

Мираковска до Силјановска Давкова: Дали изборот на Славески беше само заради дилот со Мацура и Вучиќ да се внесе Алта банка во Македонија

Кривична пријава за даночно затајување и оштетување на Буџетот за над 100 милиони денари