Утрински Весник
Македонија

Запалка оставена на совозачкото седиште опожари комбе во Гази Баба, пожарот се прошири

Запалка оставена на совозачкото седиште опожари комбе во Гази Баба, пожарот се прошири

Опожарено комбе, повреден возач, разгорен помошен објект и автомобил кој се нашол на патот. Ваков е епилогот од пожарот што вчера се случи во комбе на улицата Благоја Стефковски во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Комбето, како што информираа од полицијата, било управувано од З.Т.(62). Според пријавеното, пожарот настанал откако пукнала запалка оставена на совозачкото седиште, при што со повреди се здобил возачот.

Од пожарот бил зафатен и дел од помошен објект на улицата, сопственост на Т.Т.(49), како и патничко возило „тојота аурис“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Т од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.

Можете да прочитате

Во автобус од Германија пронајдени непријавени 34.965 евра, приведени возачот и патник

Заедничка акција на МВР и Шумската полиција – одземаат украдени огревни дрва во Арачиново

Полицајци вдишале чад при гасење пожар во обиен објект