Утрински Весник
Македонија

За случајот со натепаните момчиња, поведена е постапка и шест полицајци ќе бидат суспендирани, информира МВР

Mvr.jpg

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема мерки и дејствија за настанот случен на 07.10.2026 за прекумерна употреба на физичка сила и нанесени телесни повреди врз лица од страна на полициски службеници при преземање на полициски овластувања.

Од извршените проверки, обезбедените снимки од настанот и обезбедените изјави на лица сведоци на настанот, утврдени се низа неправилности при постапувањето на полициските службеници за што од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР против шест полициски службеници ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе бидат изречени мерки за отстранување од работно место-суспензија.


Во однос на пријавите за кривично правните настани поднесени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Секторот за внатрешни работи Скопје од страна на надлежните обвинителства се издаваат наредби за вештачење по кои се постапува.

По документирање на целокупниот доказен материјал ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Опожарени три возила во Скопје

Охриѓанец почина откако му се превртело кануто

Мицкоски: Секој ден легнувам и станувам со прашањето дали успеваме и дали можеме подобро