Утрински Весник
Свет

Замир: Израелската армија е подготвена повторно да го нападне Иран

20260420124832 big 730x400 84.webp.webp

Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал Ејал Замир денеска изјави дека доколку е потребно војската е подготвена да почне нова офанзива против Иран.

Тој во денешното обраќање пред војниците во градот Хиам, јужен Либан, каде што израелските напади продолжуваат и покрај прекинот на огнот, истакна дека израелската армија „нема ограничувања за употреба на сила“ и потврди дека од почетокот на војната со Иран, повеќе од 2.000 оперативци на Хезболах се убиени.


Замир посочи и дека израелската армија во координација со САД, има список на цели подготвени за напад во Иран.

Можете да прочитате

Хезболах ги отфрли преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД

Црвениот крст упати итен апел за помош по разорните земјотреси во Венецуела

Јапонија евакуира 2,2 милиони луѓе поради тајфунот, се затвораат училишта и фабрики