Утрински Весник
Свет

Захарова: Блинкен отворено и без двоумење кажа дека имале мотиви да го уништат гасоводот

Захарова: Блинкен отворено и без двоумење кажа дека имале мотиви да го уништат гасоводот
300x250 (7)

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен отворено изјави дека САД и НАТО имаат мотиви да ги нападнат гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

dobivaj vesti na viber

– Блинкен отворено, без двоумење, рече дека САД и нивните партнери во НАТО имаат мотиви да ги уништат гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ – напиша Захарова на Телеграм.

300x250 (7)

Како мотив за уништувањето на „Северен тек“, Захарова ја наведува изјавата на Блинкен кој рече дека САД го зголемиле производството на течен природен гас, од кој моментално се водечки европски снабдувач, „помагајќи да се компензира секоја загуба на Европа во нафта и гас поради руската агресија врз Украина“.

Захарова нагласи дека „Украина нема никаква врска со тоа“, и дека „киевските политичари, под притисок на американските власти, постојано поставуваат услови на руската страна во однос на транзитот на гас, кои биле на работ на уцена“.

Блинкен рече дека тоа е „огромна можност, неверојатна можност еднаш засекогаш да се ослободи Европа од зависноста од руските енергетски извори“.

Захарова го негираше и американскиот државен секретар кој ја обвини Русија дека „ја користи енергијата како оружје“.

– Русија никогаш не ја користела енергијата како оружје. Русија, а пред неа СССР, едноставно ја снабдуваа Европа со гас. Континуирано. Во текот на 50 години. Лагата на Вашингтон само ја потврдува неговата криминална манипулација со оваа тема – рече Захарова.

На 26 септември на „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ откриени се истекување на гас. Како што соопшти операторската компанија „Норд стрим АГ“, дефектот е без преседан и невозможно е да се процени временската рамка за ремонт.

Властите на Германија и Данска не исклучуваат дека причина за несреќата била саботажа на гасоводите,пренесе Ало.рс.

Ss1

Можете да прочитате

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци

Портпаролката на Стејт департментот на арапски јазик поднесе оставка заради несогласување со војната во Газа