Утрински Весник
Свет

Захарова: Американското оружје во Украина е легитимна цел за Русија

Захарова: Американското оружје во Украина е легитимна цел за Русија

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека оружјето што западот и го доставува на Украина е легитимна цел на Русија и или ќе биде уништено или конфискувано.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека евентуалната испорака на ракетните системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ од Вашингтон во Киев ќе го зголеми ризикот од директно мешање на американската војска во украинскиот конфликт.

„На 13 декември, САД ја објавија својата намера да испорачаат батерии за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина. „Многу експерти, вклучително и оние од странство, се сомневаат колку е разумен тој чекор, што може да доведе до ескалација на конфликтот и да го зголеми ризикот од директно вклучување на американската војска во борбата“, рече Захарова.

Можете да прочитате

Трамп: Постои добра шанса за договор со Иран

Литванија го повика НАТО да ја нападне руската енклава Калининград

Пукање во џамија во Сан Диего: Петмина мртви, осомничените извршиле самоубиство