Утрински Весник
Македонија

Заев за „Отворен Балкан“: Напуштање на регионалните соработки може да поттикне национализам, па дури и нови конфликти

Zoran Zaev 2 Foto Vlada.jpg
300x250 (7)

Поранешниот премиер Зоран Заев е дециден дека никој не може да ги оспори резултатите од иницијативата „Отворен Балкан“. Заев, кој заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, е еден од основачите на иницијативата, за денешна српска „Политика“ изјавил дека застапувањето на политика на напуштање на регионалните соработки може да поттикне национализам, па дури и нови конфликти на Балканот.

Тој истакнал дека за само две години биле најавени многу проекти и дека е многу задоволен што добар дел од нив заживеале.

300x250 (7)

„Тоа се многу значајни компании кои опфаќаат повеќе од 70 проценти од македонското и албанското население во Северна Македонија, што го оправдува постоењето на иницијативата“, нагласил Заев.

Осврнувајќи се на изјавата на министерот за надворешни работим Бујар Османи, кој се залагаше за излегување од ОБ, екс-премиерот рече дека Османи не може да го негира заминувањето на туристи од Македонија и Србија на одмор во Албанија, ниту дека тони македонско и албанско вино добиле нови извозни пласмани, ниту пак дека албанските, македонските и српските транспортни камиони сега полесно ги минуваат границите.

„Не може да се негира дека „паднаа“ работните дозволи за граѓаните на земјите-членки, ниту дека бизнис заедницата во Македонија бара повеќе проекти од Отворен Балкан, не откажувајќи се од таа иницијатива“, посочил Заев.

Ss1

Можете да прочитате

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1