Утрински Весник
Свет

Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

Kuleba.jpg
Img 5587

Украина ги суспендираше конзуларните услуги за машките државјани на Украина на воена возраст кои живеат во странство до натамошно известување, освен за оние кои треба да се вратат во Украина.

Министерството за надворешни работи на Украина не ја коментираше мерката, која се чини дека има за цел да го зголеми бројот на регрути за војната против Русија. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека украинската влада наскоро ќе издаде објаснување во врска со конзуларните услуги за воено способни мажи во странство.

Ss1

„Останувањето во странство не го ослободува граѓанинот од обврските кон неговата татковина“, рече Кулеба во објавата на X. Како што објави Униан, Кулеба додаде дека заштитата на правата и интересите на украинските граѓани во странство отсекогаш била и останува приоритет на МНР, но дека сега излегува дека мажите на воена возраст кои заминал во странство не ги засега прашањето за преживување на државата, а во исто време доаѓаат и сакаат да добиваат услуги од државата.

„Ако тие луѓе мислат дека некој таму, далеку на фронтот, се бори и го дава животот за оваа земја, а некој седи во странство, а во исто време добива услуги од оваа земја, тогаш тоа не функционира така ,” тој рече.

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина